Медиуми: Руси ги пријавуваат своите деца во полиција дека се спротивставуваат на инвазијата

Сподели со своите пријатели

Во Москва таткото ја пријавил својата ќерка во полиција бидејќи таа наводно се спротивставувала на војната на Русија во Украина во нејзините објави на Интернет, пишува Дејли мејл.

Loading...

Мајката на три деца од сибирскиот град Новосибирск во изјава за британски весник рече:

„Живееме во советски пекол, пријателите ги пријавуваат пријателите во полиција, а родителите се откажуваат од своите деца. Нивото на болка во срцето е многу тешко да се опише“.

Елмира Халитова, студентка и блогерка која живее во руската престолнина, беше уапсена од полицијата откако нејзиниот татко лажно тврдеше дека напишала објави на Инстаграм во кои повикува на убиство на Руси.

Нејзиниот татко, за кој велат дека бил пијан, се јавил во полициска станица, по што полицајците упаднале во нејзиниот стан за да ја уапсат.

Полицајците ја привеле на испрашување и ѝ го земале телефонот за да се обидат да најдат инкриминирачки докази на Инстаграм – но не можеле да ја отворат апликацијата бидејќи беше блокирана во Русија.

Таа била ослободена поради недостиг на докази.

Халитова изјави за Vice World News дека „одвратно е сето ова да се поттикнува. Дека владата ги охрабрува луѓето да го прават тоа“.

Loading...

Од Сибир пристигнуваат информации дека татко го пријавил синот во полиција за наводно дискредитирање на руските вооружени сили.

Има информации и дека сопругот во Москва и рекол на полицијата дека неговата Украинка била против војната.

10-годишна ученичка од Москва била однесена од својата училница во полициска станица откако нејзиниот директор ја пријавил користејќи профилна слика на социјалните мрежи во боите на украинското знаме.

Ученици од други училишта пријавиле дека нивните наставници ја критикуваат војната во Украина.

Сѐ уште ниту еден наставник не е затворен, но некои биле принудени да дадат откази.

Во Советскиот Сојуз, кој се распадна во 1991 година, обичните граѓани рутински се пријавуваа меѓусебно до властите за критикување на Комунистичката партија. Сега историјата се повторува.

Историчарот Сергеј Радченко за Би-Би-Си изјави дека оваа практика датира од Јосиф Сталин.

„Но, исто така е многу вообичаено во диктаторските режими да известувате за вашите соседи, а понекогаш дури и за вашите пријатели.“

Loading...

Извештаите се застрашувачки ехо на кампањата на терор на Сталин во 1930-тите, која ги натера граѓаните да ги осудуваат своите пријатели, соседи, шефови, па дури и нивните сопствените деца.

Милиони беа испратени во работни логори, а стотици илјади загинаа.