Мечка „манекенка“: Направила преку 400 селфи со камера за диви животни

Сподели со своите пријатели

Парк Ренџерс од Канцеларијата за отворен простор и планински паркови (OSMP) во Болдер, Колорадо поставиле голем број камери на површина од 46.000 хектари за да ги снимаат животните во нивното природно живеалиште.

Loading...

Една љубопитна и фотогенична мечка решила да се доближи и да ужива во фотографирањето со оглед дека е забележана на 400 од 580 снимки.

OSMP во понеделникот се огласи на Твитер за да ја сподели веста, придружена со селфи од мечката, при што многу корисници ентузијастички коментираа дека мечката треба да биде ангажирана како модел.

Според претставниците на дивиот свет, камерите им помагаат на чуварите да го намалат времето што го поминуваат во чувствителните области обидувајќи се да ги набљудуваат локалните видови, а се вели дека камерите „оживуваат“ кога животно ќе зачекори пред нив и ќе фотографира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два знака кои укажуваат на многу лојален партнер

Камерите можат да снимаат и видеа во траење од 10 до 30 секунди.