„Ме нарекуваат порно актерка и лоша мајка поради тетоважите, зошто луѓето се ужасни“? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Беки Холт (33) зборуваше за нападите што ги доживеала на социјалните мрежи и ги откри најлошите навреди што ги добила.

Loading...

Досега потрошила над 35.000 евра на тетоважи.

Британката го роди своето прво дете, ќерката Аурора, во декември минатата година и оттогаш потешко ги поднесува навредите што ги добива од разни „тролови“ на социјалните мрежи.

 

Дури 95% од нејзиното тело е покриено со тетоважи, а на нив досега потрошила 35 илјади евра, пишува The Sun.

– Ми рекоа дека моите тетоважи изгледаат ужасно и дека ќерка ми ќе се исплаши кога ќе ме види. Ми велат дека сум го уништила своето тело и дека порано бев убава, но дека сум грда откако го истетовирав и лицето – ги откри Беки пораките што луѓето ѝ ги праќаат преку социјалните мрежи.

 

Loading...

Таа додаде дека ја нарекувале дебела, грда, глупава, ментално болна, одвратна, дека бара внимание, лоша мајка и ужасен пример.

– Тие исто така рекоа дека изгледам како порно актерка, но тоа дури ме насмеа. Некои исто така ми рекоа дека изгледам како да имам 60 години и дека тетоважите се тотално трошење на моето време затоа што ќе жалам за последните 10 години што ги посветив на тетоважите. Тие исто така ми велат дека ќерка ми ќе се срами од мене – продолжи да ги набројува навредите.

 

Сепак, Беки не дозволува толку многу негативноста да ја погоди, но предупредува дека некои други, кои доживуваат слични напади на социјалните мрежи, можеби не се толку силни.

– Имам навистина „дебела кожа“ и не обрнувам многу внимание на ваквите коментари, но има многу луѓе на кои може да влијае такво нешто. Не разбирам зошто луѓето имаат потреба да бидат толку страшни кон некој што никогаш не го ни сретнале. Посакувам луѓето да можат да бидат учтиви затоа што, особено во ова тешко време, мислам дека секој треба да шири љубов, а не да мрази. Ако ова го прочита некој што е навреден како мене, сакам да ти кажам да ги игнорираш ваквите пораки и да запомниш дека си фантастичен на свој начин – рече Беки.

 

Loading...

Таа ги сака своите тетоважи и не размислува да ги отстрани иако признава дека луѓето се љубезни со неа кога таа ги „прикрива“.

Таа исто така вели дека луѓето претпоставуваат дека е насилна кога ќе ги видат нејзините тетоважи, а некои се исплашени, но таа не жали за тоа.

 

– Сакам да се истакнувам, ја сакам таа уметност врз себе и сакам што ми требаше многу љубов и посветеност за сите мои тетоважи. Сепак, не планирам повеќе да го тетовирам лицето, тоа би ја расипало целата слика – заклучи таа.

 

Loading...

Leave a Reply