Мажите се поздрави во бракот во кој жената постојано „дрдори“

Сподели со своите пријатели

Една неодамнешна студија покажа дека мажите кои се во „лош“ брак имаат помал ризик од дијабетес отколку мажите кои се во среќен брак.

Loading...

Социолозите од Државниот универзитет во Мичиген и Универзитетот во Чикаго ги презентираа резултатите од две големи студии засновани врз малку постари брачни парови.

На жените им треба повеќе сон, оти го користат мозокот повеќе од мажите

 

 

Во анкетите учествувале дури 1.228 парови – жени и мажи во брак на возраст од 57 до 84 години.

На учесниците им биле поставувани прашања во врска со нивниот брак и односот со нивниот сопружник, а земени се и лабораториски примероци.

Loading...

При анализа на добиените податоци, истражувачите откриле како добриот или лошиот брак влијае на здравјето на сопружниците и нивната можност да заболат од дијабетес. Жените кои пет години по првиот тест изјавиле дека имаат подобар брак, имаат помал ризик од дијабетес тип 2.

Она што е чудно и интересно е што на мажите им се случило спротивното.

 

 

Жените во црвена облека им се најатрактивни на мажите

Оние мажи, кои пет години по првиот тест изјавиле дека нивниот брак е влошен и дека жените често им приговараат за нешто, исто така, имаат многу мал ризик од дијабетес тип 2, според националното истражување спроведено од социолозите на Државниот универзитет во Мичиген.

Истражувачите биле збунети од овој факт и не им било сосема јасно како ризикот од дијабетес станал различен кај мажите и жените во зависност од квалитетот на бракот во кој се наоѓаат.

Loading...