Мажите побргу губат килограми од жените

Сподели со своите пријатели

Научниците утврдиле дека битката за губење килограми им е полесна на мажите.

За време од осум недели една студија следела повеќе од 2.000 возрасни луѓе од Европа, Австралија и Нов Зеланд, кои дневно внесувале 800 калории.

Мажите на крајот изгубиле во просек околу 11,8 килограми, а жените 10,2.

Целата студија е објавена во списанието „Дијабетес, обестити и метаболизам“.

Покрај намалување на килограмите мажите имаат и помал ризик од дијабетес, а жените имаат намалена густина на коските што баш и не е добро.

Зошто половите различно одговараат на исхраната?

Мажите имаат природно побрз метаболизам од жените. Со оглед дека внесуваат повеќе калории секојдневно отколку жентие, повеќе се чувствуваат ефектите на отстранувањето на истите.

Жените имаат она што се нарекува поткожна маснотија – околу бутовите.

Се на се, студијата се однесува на краткорочни промени. Во подолг временски период, половите можат поинаку да реагираат на диетата и тежината.

Leave a Reply