Мажите ja менуваат фризурата само 3 пати во животот

Сподели со своите пријатели

Претставниците на посилниот пол ја менуваат фризурата само три пати во животот, покажува новото истражување според кое жените ја менуваат фризурата најмалку четири пати во годината.

Loading...

Секое правило има исклучок како Дејвид Бекам, кој сигурно не влегува во топ листите на оваа студија. Само 2% од мажите признаваат дека го менуваат имиџот толку често колку фудбалерот. Иако тие не го прават тоа, 37% од нив сметаат дека косата на Бекам секогаш изгледа добро.

 

 

Просечниот маж менува нешто во фризурата на секои шест години, половина од жените го прават тоа неколку пати во годината. Секоја шеста жена прави нова фризура четири пати во годината, што значи дека до 35-роденден може да ја смени над 100 пати формата или бојата на косата.

Во истражувањето учествуваат 1000 мажи и жени од Манчестер. Тоа покажува и кои се причините или што ги  поттикнува двата пола да го менувааат изгледот. 36% од мажите велат дека надворешниот изглед станува здодевен, 12 проценти го прават тоа поради губењето на косата, а 15% поради мода.

 

Loading...

 

Само 12% велат дека ја смениле фризурата за да наликуваат на нивната омилена ѕвезда. За разлика од нив 45% од жените не оделе на фризер за да ја копираат фризурата  на нивната омилена, славна личност.

Leave a Reply