Мажи внимавајте: Ако сакате квалитетна сперма мора да се откажете од ова!

Сподели со своите пријатели

Познато е дека газираните пијалаци со додаток на шеќери дебелеат и предизвикуваат заболувања на метаболизмот, а нова студија од Бостон покажува дека честото консумирање на „кока-кола“ и слични напитоци делува и на плодноста – како кај жените, така и кај мажите.

Само еден безалкохолен газиран пијалак дневно значително ги намалува шансите за бременост, при што плодноста на жените се намалува за 25 отсто, а на мажите за 33 отсто, тврдат научници од Универзитетската академија за јавно здравје во Бостон.

Тие во рок од 12 женски месечни циклуси, односно се до бременоста, набљудувале 5.000 испитаници кои сакале да го прошират семејството, американски и канадски парови на возраст од 21-45 години, а резултатите од студијата се објавени во стручното списание „Epidemiology“.

За да се воспостави недвосмислена врска помеѓу намалувањето на плодноста и безалкохолните пијалаци и сокови со додаток на пеќер, се проверувале и други чинители, гојазноста, внесувањето кофеин, алкохол, пушењето и квалитето на исхраната воопшто.

Полските научници претходно во списанието „Central European Journal of Urology“ објавиле друго истражување, кое потврдува дека произведувањето на сперматозоиди опаѓа ако мажот често косумира газирани пијалаци. Освежителните напитоци со додаток на шеќери кај жените можат да предизвикаат предвремена менструација, што значи дека неповолно влијаат на хормонскиот состав.

Светската здравствена организација препорачува консумирање најмногу 25 грама шеќери дневно, односно околу осум коцки пеќер. Само еден газиран пијалак од 330 милилитри ја прекорачува препорачаната доза за четири коцки.

Leave a Reply