Маж избоден со нож во сопствениот двор во село Лопате

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригдишниот Д.Ф. од село Лопате, кумановско вчера околу 11:30 часот бил избоден со нож во својот двор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено вчера околу 13 часот Д.Ф. пријавил дека седел во сопствениот двор со семејството и роднините, кога дошол Ќ.Д. (околу 50 години) исто така од село Лопате и без повод и причина започнал да вика и да ги навредува.

Истиот го нападнал Д.Ф. со нож нанесувајќи му видлива повреда во пределот на стомакот по што избегал од местотот на настанот.

Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово. Во 13.10 часот Ќ.Д. бил приведен во Полициската станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...