Маж (66) има 16 жени и 151 дете: Не планира да застане тука, тој сака да се жени и да има деца додека не умре

Сподели со своите пријатели

Маж од Зимбабве, кој има 16 жени и 151 дете, откри дека се придржува до строгиот распоред „за секс четири пати во текот на ноќта“, со цел да се осигура дека неговото семејство ќе расте.

Loading...

Мишек Њандоро (66) не работи и тврди дека неговата работа е да ги „задоволи своите жени“, кои готват, чистат и ги задоволуваат сите негови желби.

Сепак, таткото на 151 дете не планира да застане. Тој ќе се ожени со својата 17-та невеста по ред во зима и се надева дека ќе има 100 жени и 1.000 деца пред да умре, пренесува Дејли меил.

 

 

Тој рече дека мора да се ожени со помлади девојки, бидејќи постарите жени не можат да го следат „неговиот ненаситен сексуален нагон“.

Тој тврди дека води луксузен живот и вели дека неговите потомци го затрупуваат со подароци и пари.

Loading...

Њандоро исто така направи распоред што му овозможува секоја вечер да „задоволи“ најмалку четири од неговите жени.

– Одам во спалната соба според закажаниот термин. Откако задоволив една жена, преминувам во соседната соба. Тоа е моја работа, немам други – изјави тој за „Хералд“.

Тој додаде дека своето однесување во спалната соба го прилагодува на возраста на неговата сопруга, па затоа „не се однесува исто со помлади и постари жени“.

Мишек станал полигамист во 1983 година и вели дека не планира да престане да се жени додека не умре.

 

 

Тој истакна дека сите негови сопруги се многу задоволни од својот живот и дека најмалку две се бремени.

Loading...

Њандоро тврди дека не го чувствува финансискиот товар поради повеќе од 150 деца и објаснува дека тој всушност имал корист од своето џиновско семејство.

– Децата ме расипаа. Јас секогаш добивам пари и подароци од нив – рече таткото.

Семејството најмногу се потпира на земјоделството, но најмалку 50 од неговите деца се во училишта во различни градови.

Шест работат за војска, две за полиција, 11 се вработени во различни професии, а 13 од неговите ќерки се венчани.

Тој оженил најмалку 23 свои синови, а еден од нив веќе оди по стапките на неговиот татко и досега има четири жени.

Последен пат се оженил во 2015 година, по што паузирал поради економската состојба во земјата, но оваа година планира да се врати на свадби.

 

Loading...

Leave a Reply