Масовни протести во Израел против судските реформи на Нетанјаху

Сподели со своите пријатели

Во Израел денеска се одржуваат масовни протести поради плановите на владата на Бенјамин Нетанјаху да го потчини судството на владата.

Loading...

Според Хаарец, десетици илјади граѓани се собраа пред Кнесетот во Ерусалим, а лидерите на опозициските партии пред протестот порачаа дека станува збор за вонредна состојба и дека нема „да дозволат уништување на државата Израел.

На протестот се приклучија и православните Евреи, кои пред Ѕидот на плачот рецитираа молитви за благосостојба на Израел.

Илјадници демонстранти се собраа и во Тел Авив, а многумина од нив со воз за Ерусалим се приклучија на протестите пред Кнесетот, пишува The Times of Israel.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Поради ваквата ситуација многу возови преполни не застануваат на станицата.

Од друга страна, Комитетот за устав, право и правда на Кнесетот ги одобри во две клаузули предложените реформи во правосудството во прво читање, со кои се менува составот на комисијата за избор на судии и се ограничува Врховниот суд да ги разгледува и менува основните закони на Израел, пренесува Ynet News.