Масовната вакцинација во Куманово ќе се спроведува во некоја од училишните спортски сали (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Масовната вакцинација во Куманово сѐ уште не е започната, а не се завршени ниту подготовките на терен, со оглед дека сѐ уште трае комуникацијата на ниво Министерство за здравство и локална самоуправа.

Loading...

Како опции се разгледани неколку училишни спортски сали каде ќе се спроведува процесот на имунизација на населението од Ковид-19, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

– Претставници од здравствените организации во Куманово се со цел да се организира систем на вакцинирање, но сѐ уште немаме добиено официјален допис, го очекуваме од министерството за да можеме да продолжиме. Во опција се неколку училишни спортски сали со обезбеден паркинг простор каде што би можела да се врши таа масовна вакцинација на регионално ниво, но сепак ние сме институции и соработуваме врз база на пишани акти. Иако работиме во епидемија во една вонредна состојба, сепак мора да се почитува законот и правилата, изјави градоначалникот.

 

 

Епидемиолошката состојба како што вели Димитриевски во Куманово е повеќе од сериозна.

– Многупати реков да го искористевме примерот на Дебар и Куманово да влезеше во карантин уште минатата година, веднаш по неколкуте први случаи кои што ги имавме, ние можеби денеска ќе бевме во слична состојба како Дебар, со најмал број на позитивни случаи во државата. Но тоа е што е не се послушаа одлуките и препораките на општионскиот штаб за заштита и спасување и денеска сме град со голем број на позитивни случаи, каде што имаме и висока смртоност, изјави Димитриевски.

Loading...

Димитриевски апелираше граѓаните сериозно да го сфатат вирусот и ги почитуваат мерките, бидејќи болничките капацитети се преполни.

Никола Ивановски

Leave a Reply