Маските во Јужна Кореја задолжителни само во јавниот транспорт и здравството

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја ја укина обврската за носење заштитни маски во повеќето затворени јавни простори, освен во јавниот транспорт и медицинските установи, како дел од укинувањето на мерките против корона вирусот, бидејќи е намален бројот на нови случаи на болеста.

Loading...

Јужнокорејските здравствени власти предупредија дека олеснувањето на правилата за носење маски може да доведе до привремено зголемување на нови случаи, повикувајќи ги луѓето да бидат претпазливи кога се во области со висок ризик, особено оние кои се поподложни на инфекција.

Олеснувањето на правилата доаѓа три години откако Јужна Кореја ја објави својата прва епидемија на корона на 20 јануари 2020 година и досега ги укина повеќето мерки на претпазливост.

Ја остави на сила само седумдневната изолација за луѓето кои се позитивни на корона вирусот, објави Ројтерс.