Маскирани лица со палки нападнале браќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Маскирани лица нападнале и претепале двајца браќа од Куманово, рано утринава половина час по полноќ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на ул.„Доктор Рибар“, додека еден седумнаесетгодишник се враќал дома, позади него се појавила поголема група на маскирани лица со дрвени палки во рацете, по што истиот почнал да бега. Во тој момент на улицата го сретнал и неговиот брат на кој му рекол да бега.

По кратко време напаѓачите го стигнале брат му и почнале да го удираат во пределот на телото и главата. Истиот успеал да им побегне кон куќата, а седумнаестгодишникот се јавил во Полициската станица – Куманово. Полициски службеници на наведената адреса ги забележале напаѓачите, кои ги фрлиле дрвените палки и се дале во бегство.

Во 00.35 часот од слобода е лишен Н.М. (21) од Куманово. Повредениот веднаш бил пренесен во ОБ-Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.