Маскирани и вооружени лица украле возило на автопатот Куманово-Скопје, а потоа го запалиле

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 20,00 часот, било пријавено дека на автопатот Куманово–Скопје, во сeлото Дељадровци, С.Ј.(58) и неговата сопруга Б.М.(43) додека се движеле со патнико возило “Рено Клио“ биле пресретнати и насилно застанати од друго возило во кое биле четири непознати, маскирани, лица вооружени со огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Непознатите лица насилно ги извадиле од нивното возило С.Ј. и Б.М., по што им го одзеле “рено клио-то“ и заминале во правец кон Скопје. Според кажување на оштетените во возилото имало околу 4000 евра. Во 23,00 часот во ПС-Ѓорче Петров била добиена пријава од граѓанин дека на влез за с.Орман, скопско во нива имало пожар. На местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје и полициски службеници од ПС Ѓорче Петров и било затекнато возилото “Рено Клио“, целосно опожарено.

Увид извршила увидна екипа од СВР- Скопје. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.