Маскенбал „Батко Ѓорѓија“ во сабота во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Традиционално и годинава на градскиот плоштад во Куманово, во сабота со почеток од 11 часот ќе се одржи маскенбалот „Батко Ѓорѓија“.

Loading...

Над две илјади ученици од основните и средни училишта, како и децата од Детската градинка „Ангел Шајче“ ќе продефилираат низ кумановските улици по што ќе се претстават и на плоштадот пред присутните граѓани.

– Општина Куманово и оваа година традиционално го организира Маскенбалот „Батко Ѓорѓија 2019“. Како што знаете во изминатите години на овој маскенбал учествуваа сите основни и средни училишта, детската градинка и граѓаните кои што сакаат да учествуваат и традиционално ни доаѓаат на гости една маска од Струмичкиот карневал „Тримери“, рече Цоки Ристевски од Сектор за култура при Општина Куманово.

Како што изјави Нино Величковски, раководител на Фондација за култура и спорт, ќе се работи активно овој маскенбал да ги исполни критериумите и да стане карневал со кој ќе се гордее градот.

– Мислам дека ние треба да размислуваме да прерасне и во карневал, да имаме такви можности да го претставиме со поголема понуда и да прерасне во карневал, за тоа има и процедура, но ќе работиме на тоа, бидејќи се покажа дека сите овие години интересот е голем. Овој пат учествуваат пред се од градинките и основните училишта и сите граѓани кои се пријавиле како индивидуална маска. Како и секоја година ќе бидат наградени по категории, од детски градинки, основни училишта, средни училишта, ќе има награди од жири кое ќе го проследи карневалот, ќе има во овој дел и со музичка подлога сите маски ќе бидат покрепени, гостите ќе бидат традиционално од карневалот од Струмица и ние имаме размена секоја година со нив и нашите маски од средните училишта секоја година гостуваат на карневалот, изјави Величковски.

Надлежните ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на овој настан, а родителите да ги понесат своите деца кои најмногу се радуваат на маскенбалот како и секоја година од неговото постоење.

Leave a Reply