Маск со нов став ја крена цената на Биткоинот

Сподели со своите пријатели

– Тесла најверојатно повторно ќе започне да прифаќа биткоин како средство за плаќање, кога ќе изврши длабинска анализа на количината на обновливи извори на енергија што се користат „за ископување“ на таа валута – рече основачот на американскиот производител на електронски возила, Илон Маск.

Loading...

Тој влијаеше на падот на цените на биткоинот во мај, кога рече дека неговата компанија ќе престане да ја прифаќа оваа крипто валута, бидејќи огромни количини на електрична енергија, претежно произведена од фосилни горива, се користат за време на „ископувањето“ на биткоинот, потсети Гардијан.

 

 

Сепак, коментарите на Маск на вчерашната конференција предизвикаа скок од осум проценти на биткоинот на 32.160 долари.

„Сакав длабинска анализа да потврдам дека процентот на употреба на обновлива енергија е најверојатно 50 проценти или поголем и дека постои тренд на зголемување на тој број, и ако е така, Тесла ќе продолжи да прифаќа биткоин“, рече Американецот, основач на компанијата SpaceX.

Некои инвеститори во Тесла, заедно со екологистите, се повеќе критикуваат на начинот на кој се „копа“ биткоинот, бидејќи за тоа се потребни големи количини на електрична енергија произведена од фосилни горива.

Loading...

 

 

Сепак, се повеќе „рудари“ на дигитални валути се обидуваат да користат обновлива енергија за да ги ублажат негативните ефекти врз животната средина.

Leave a Reply