Маск ги покори ривалите, продажбата рекордна!

Сподели со своите пријатели

Компанијата на Илон Маск, Тесла, очигледно не знае за криза, барем кога станува збор за чиповите.

Loading...

Не само во конкуренција на електрични возила, туку и во сите автомобили, американскиот гигант подобро ги решава предизвиците: во периодот од јули до септември, Тесла испорача рекорден број возила, додека, на пример, Шкода го прекина производството, токму поради недостатокот на полупроводници.

 

Мислеле дека е гулв и го тепале на училиште: Чудни факти за милијардерот Илон Маск

 

Во споменатиот период, империјата на Маск испорачала дури 20 отсто повеќе единици од лани, а приходот изнесувал 13,76 милијарди долари (наспроти 8,77 милијарди од 2020 година).

По минатогодишниот брз раст, акциите на Тесла пораснаа за речиси 30% во 2021 година, и веќе вредат повеќе од 900 долари.

Секако, нема да биде лесно да се оправда ваквото огромно вреднување на компанијата, иако Тесла има големи надежи од почетокот на производството во новите погони во Берлин и Тексас.

Loading...

 

НЕВЕРОЈАТНИ ЦИФРИ: Илон Маск сега е побогат од Гејтс и Бафет заедно

 

Малезиските електронски компании, кои се во центарот на снабдувањето со основни чипови што ги напојуваат возилата, паметните телефони и домашните уреди, велат дека големите клиенти тропаат на нивните врати за да гарантираат долгорочни понуди за преземање или плаќање и дека се среќни да платат повеќе ако е потребно“.