Мартинијан вечерва ќе настапи на „Охрид фест 2015“

Сподели со своите пријатели

Иако пред само две недели Мартинијан ја промовираше новата песна „Јас знам“, тој не мирува. Вечерва го очекува настап на „Охрид фест 2015“ каде ќе настапи во поп вечерта, но и во интернационалната вечер која ќе с еодржи утре.

Loading...

Автор на песната е неговата професорка по музичко образование од основно Магдалена Божиновска Стојанова, а песната долго време чекала „во фиока“ за да биде изведена на некои од македонските фестивали.

Мартинијан кога ја слушнал почувствувал дека песната одлично ќе му легне ако се преработи како силна балада, на крајот конечниот резултат е моќна балада благодарение на Владимир Дојчиновски кои стои зад аранжманот на песната.

„Голем предизвик е да се настапува, но сепак сме отидени таму пред се за да се дружиме во ритамот на музиката, а потоа и се останато. Се надевам на убаво дружење со прекрасни композиции кои ќе заслужат место на македонското музичко небо, а меѓу кои и мојата нова песна која ќе биде премиерно изведена на Охридски фестивал“, вели Мартинијан.

Како специјални гости на фестивалот, организаторот ги најави Трајче Ѓоргиев, Јордан Митев, Неда Украден и групата Нови Фосили.