Мартинијан Кириловски со нова песна и награда на „Охрид фест 2015“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Иако пред две недели Мартинијан Кириловски ја промовираше песната „Јас знам“ која стана вистински хит на сите телевизии и радио станици во државата, во меѓувреме настапи на Тамбурашкиот фестивал во Куманово, а вчера на поп вечерта на „Охрид фест 2015“ ја промовираше својата најнова песна, баладата „Врати се“.

Loading...

Автор на текстот и музиката за песната е Магдалена Божиновска – Стојанова, додека аранжманот е на Владимир Дојчиновски, а за истата тој освои трета награда од стручното жири, а вечерва повторно ќе учествува на истиот фестивал во интернационалната вечер.