Мартин Захариев реизбран за претседател на СДММ Куманово

Сподели со своите пријатели

Мартин Захариев уште две години ќе биде претседател на Локалниот комитет на Социјалдемократската кмладина на Македонија во Куманово.

Loading...

Оваа одлука денеска ја донесе раководството на СДММ, а информацијата на социјалните мрежи ја сподели самиот Захариев.

– Почитувани другари и другарки, по спроведената постапка за избор на претседател на ЛК СДММ Куманово, ја добив довербата од претседателот Марко Михајловски да ја водам кумановската социјалдемократска младина уште две години. Ви благодарам на сета поддршка што ми ја дававте изминативе две години, наредните две години уште посплотени одиме во нови победи, напиша тој на Фејсбук.

Никола Ивановски

Leave a Reply