Мартин Костовски повторно на чело на ОИШ на СДСМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Општинската Организација на СДСМ Куманово и актуелен директор на Службен Весник, Мартин Костовски, денес повторно од централата беше назначен да го води Општинскиот Изборен Штаб, а во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Loading...

Костовски за Кумановски Муабети вели дека со неговото назначување денес, ќе биде започната и големата трка за повторно освојување на градоначалничкото место од неговата матична партија, со оглед дека Куманово како град досега не бележи победа на ниеден друг кандидат од спротивниот табор.

  • Одиме на победа. И тоа неминовна и загарантирана победа, со тоа што набргу ќе го објавиме јавно и кандидатот на СДСМ за Куманово, и повторно ќе докажеме дека сме силна партија која локално остана на власт и во времето на централна власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ, вели Костовски.

Социјалдемократите генерално низ целата држава уште ги држат во тајност своите кандидати со мали исклучоци, и според нивниот претседател, Зоран Заев, СДСМ е фаворит на овие избори.

Кумановци од друга страна веќе знаат дека за градоначалничко место од партијата ВМРО ДПМНЕ ќе се бори пратеникот и лекар Зоран Ѓеоргиевски, инаку добропознат ривал на Зоран Дамјановски – Циц од претходните избори.

Дали ОО на СДСМ Куманово ќе оди повторно со Дамјановски, или овојпат ќе дојде нов кандидат, или пак борбата за локална власт ќе ја поведе Максим Димитриевски, Љубиша Николиќ, Александар Арсиќ или Сашо Петрушевски останува да се почека до следната недела.

На централно ниво, за шеф на Централниот Изборен Штаб беше назначен Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ.