Мартија заврши на 12 место на детскиот Евросног (видео)

Сподели со своите пријатели

На овогодишното издание на детската Евровизија, нашата земја го освои 12-то место. Нашата претставничка Мартија Станојковиќ од Куманово со песната “Love will lead our way” не успеа да ја освои европската публика и жири.

Од возрасното жири, успеавме да освоиме само 17 поени, додека победничката песна на Грузија освои 156 поени. Од детското жири освоивме нешто повеќе, вкупно 24 поени.