Марсијал ги прекина преговорите со Јунајтед

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Ентони Марсијал се суспендирани, а Французинот веќе планира да го смени клубот, најавија англиските медиуми.

Актуелниот договор на Марсијал е до 2019 година и постои голема веројатност дека Јунајтед ќе прифатат понуда за него во текот на летото. Неговиот агент се сретнал со раководството на Манчестер во декември, а потоа се очекуваше предлог за нов договор, но тоа не се случи.

Loading...

22-годишниот Марсијал, кој има 11 гола и девет асистенции во 37 натпревари оваа сезона, е изненаден од развојот на настаните и навреден од однесувањето кон него.

Играчот го запрел процесот на купување на домот што го избрал во Манчестер.

Преговорите, најверојатно, ќе бидат прекинати поради привлекувањето на Алексис Санчез во јануари.

Кандидатите за францускиот напаѓач се Тотенхем и Интер./МИА

Leave a Reply