Марсело го пропушта реваншот со ПСЖ

Сподели со своите пријатели

Еден од најважните фудбалери на европскиот клупски шампион Реал Мадрид, Марсело, ќе го пропушти осминафиналниот реванш дуел од Лигата на Шампионите со ПСЖ, соопшти шпански „АС“.

Бразилскиот репрезентативец заработи повреда во бутот при победата вчеравечер против Бетис (5:3) и уште во 26-та минута беше заменет од Тео Ернандез.

Повредата се покажа сериозна и тој нема да игра против Леганес, Алавес, Еспањол и Хетафе во Ла Лига, а речиси сигурно ќе го пропушти реваншот во Франција на 6 март.

Инаку Марсело го даде голот за конечни 3:1 против ПСЖ во првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ минатата недела. Од почетокот на сезоната, бекот има 30 натпревари со три голови на сите турнири.

Добрата вест за Зинедин Зидан е враќањето на Даниел Карвахал, кој не играше против Нејмар и неговите соиграчи минатата недела поради казна./МИА

Leave a Reply