Маричиќ од денес во дводневна посета на Подгорица

Сподели со своите пријатели

Министерот за правда Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на ‘‘Балканскиот интегративен форум 2021‘‘ во организација на Европското движење на Црна Гора и Фондацијата Фридрих Еберт. Тема на форумот ќе биде евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан, но и предизвиците со кои се соочува Унијата изминатиот период.

Loading...

Предвидено е Маричиќ да се сретне со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, и со државните секретари на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. На средбите ќе се разговара за напредокот на двете земји во спроведувањето на реформите, со акцент на правосудството.

Покрај министерот за правдана форумот ќе учествуваат и високи претставници од регионот, функционери, дипломати од Западен Балкан и Европската Унија, како и голем број на експерти.