МАПА НА ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ: Македонија на врвот во Европа (фото)

Сподели со своите пријатели

Секој јавен празник, т.е. државен празник е одреден со закон од некоја држава. Државните праници обично се наработни, но платени денови.

Единствен исклучок претставува Велика Британија во која не постојат неработни платени денови, дури ниту кога се во прашање државни празници, но тоа им е надокнадено на друг начин. Британците годишно имаат 28 дена одмор.

Сајтот Јакуб Мариан објави мапа со бројот на државни празници во секоја европска земја. Треба да се има предвид дека бројот на неработни денови варира во завиност од тоа на кој ден се паѓа празникот, дали е во прашање викенд или работен ден. Исто така се претпоставува дека еден празник не се празнува баш во секој дел на некоја земја.

На мапата е прикажан бројот на законски предвидените празници, иако нивната бројка во реалност некогаш е поголема.

Така кога е во прашање Македонија тука сме лидери. По закон имаме 13 државни празници, но се празнуваат измеѓу 12 и 16 дена. Од земјите во регионот, во Србија таа бројка изнесува измеѓу 10 и 13, а во Босна и Херцеговина 10.

Кликнете на фотографијата за поголема резолуција

Loading...