Мандиќ заминува од Куманово

Сподели со своите пријатели

Крилото на КК Куманово, српскиот интернационалец Вукашин Мандиќ ги договорил условите за заминување во еден кипарски кошаркарски клуб, пишува порталот СпортМедиа.

Искусното крило кој неколку години беше незаобиколен дел од составот на кумановскиот прволигаш. Во оваа последната, одигра 36. мечеви во домашниот шампионат. И притоа дојде до просек од 10.1 поени, 4.9 скока и 2. асистенции.

Но поради нарушените релации со тогашниот прв тренер на „сино-белите” Љубисав Луковиќ, но и повредата, одигра само четири (од шесте) меча во ФИБА Еврокупот на кои пак неговиот просек беше доста скромен. Имаше по 2.3 поени, 3. асистенции и 1.8 скока по натпревар за нецели 23. минути поминати на паркетот.

Кој ќе остане, а кој ќе си замине од домашниот клуб засега не е сигурно, но според сознанијата на Кумановски Муабети, КК Куманово е во лоша финансиска состојба и сезонава нема да има поголеми звучни имиња.

Според пишувањата на дел од спортските портали во Македонија, засега Симоновски е назад во МЗТ, понуда од актуелниот шампион има и Бојан Трајковски, а Работнички го мерка Костоски, додека пак отворен за секакви преговори е и Димитар Караџоски.

 

Loading...