Малото момче фрлено од прозор е оперирано и стабилно

Сподели со своите пријатели

По падот од четрти кат, момчето кое беше фрлено од прозор од страна на својата мајка во скопската населба Хиподром во текот на ноќта било оперирано на Одделението за неврохирургија, откако поради скршениците на черепот се јавило крварење во мозокот, јавува порталот Плусинфо.

Loading...

Операцијата поминала добро и детето во моментов е во стабилна состојба, пренесува порталот повикувајќи се на извори од КАРИЛ.

Состојбата на мајката се уште е тешка и животно загрозувачка. Таа и понатаму е приклучена на апарати за дишење, ѝ се следи состојбата и лекарите од Клиниката за интензивно лекување и од Клиниката за кардиоваскуларна хирургија треба да проценат како понатаму ќе оди лекувањето.

Во текот на вчерашниот ден, во скопската населба Хиподром, мајка првин го фрли својот син а подоцна и самата скокна од четврти кат под засега неразјаснети околности.