Четиринаесетгодишник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајка меѓу „хонда“ и мопедот „априлија“ што го управувал.
– На 01.12.2025 во 16:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(25) од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово, информираат од Министерството за внатешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

