Малолетник со автомобил усмрти жена во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14,30 часот било пријавено дека во Крива Паланка на ул.„Св. Јоаким Осоговски“ патничко моторно возило “Ауди А-3“ со скопски регистерски таблици управувано од 16-годишен малолетник од Крива Паланка, изгубилo контрола над возилото и удрилo во пешакот Н.И. (44) од Крива Паланка, а потоа удрилo и во бетонски ѕид и бандера, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди при незгодата, Н.И. починала на самото место, додека возачот се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.