Малолетник од Србија приведен на Табановце со 46 екстази и 6 џоинти

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 23.40 часот на граничниот премин „Табановце, во личниот багаж на лицето Л.Р. (17) од Република Србија биле пронајдени 46 парчиња екстази, непозната растителна пресувана материја и 6 џоинта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето патувало со автобус на „СП Ласта АД“ – Белград – Република Србија. Истиот е приведен и предаден на полициски службеници од Одделот за наркотици и трговија со дрга и опијати (ОНТДО) при Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.