Малолетник од Куманово, фатен при обид да изврши тешка кражба од болницата

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово бил приведен вчеранаутро откако бил затекнат при обид да изврши тешка кражба во објект на кумановската Општа болница.

Loading...

– На 03.04.2022 во 05.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово. Тој бил затекнат во објект на Општата болница Куманово, при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што појаснуваат од полицијата, претходно веќе извршило кражба во деловен објект на ул.„Трета македонска ударна бригада“, при што одзел пари и различни предмети.

Кај него биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски