Малолетници ограбиле маркет во Лопате, предметите ќе бидат вратени на сопственикот

Сподели со своите пријатели

Полицијата ја расчисти гражбата од маркет во кумановско Лопате која се случи на 15ти месецов, а осомничени дека го сториле делото се двајца малолетници.

Loading...

– По преземени мерки, полициски службеници од СВР Куманово ја расчистија кражбата во маркет во с.Лопате, кумановско, која се случи на 15.11.2021 година, при што беа одземени повеќе производи, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Поради постење основи на сомнение дека се сторители во СВР Куманово бил извршен разговор со двајца малолетници од Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, поголем дел од предметие биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски