Малолетници од Крива Паланка ќе одговараат за насилство поврзано со изборна кампања

Сподели со своите пријатели

Пoлициска станица Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.С.(39) и Т.А.(45), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, а против 17 годишен малолетник од Крива Паланка е поднесено известување до ОЈО Куманово, за сторено кривично дело “насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 30.09.2017 година околу 15,30 часот во Крива Паланка на ул.„Единство“, В.С. кој бил во придружба со малолетникот и со Т.А. му пришол на О.С.(24) од Крива Паланка, кој се движел по улицата со возило “Опел Зафира“ сопственост на М.М. од с. Градец-Крива Паланка,  возилото било целосно брендирано со обележја на политичка партија и на кандидат за градоначалник на Крива Паланка). Притоа му рекол на О.С. да го изгаси разгласот од возилото со кој се најавувал митинг на политичката партија. По ова 17 годишникот започнал да го удира О.С. со тупаници преку прозорецот, а откако ја отвориле вратата од возилото, Т.А. го фатил оштетениот за вратот и заедно со други лица започнале да го удираат него и неговото возило со што му нанеле телесни повреди.