Малолетници ќе одговараат за напад врз 16-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против две 17 годишни лица од Куманово за сторено кривично дело „Насилство“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените, со уште три непознати сторители, на 25.11.2017 година околу 07,40 часот во Куманово, на улица „3-та Македонска ударна бригада“, пред домот на 16 годишно лице физички го нападнале, по што еден од пријавените, со нож, му нанел убодна рана во пределот на десниот бут.