Малолетничка од Куманово пријавена за исчезната

Сподели со своите пријатели

Вчера во 12.30 часот во СВР-Куманово, Н.З. (40) од Куманово, пријавила дека на 08.11.2017 година околу 13.00 часот од дома се оддалечила нејзината малолетна ќерка А.З.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавителката изјавила дека А.З и кажала дека ќе оди на свадба во Куманово и да се види со другарка.

Секторот за внатрешни работи  презема мерки за пронаоѓање на лицето.