Малиот Артан дванаесет часа лежел на под за време на нападите

Сподели со своите пријатели

Артан Аземи, 9-годишен ученик при Oсновно Училиште ,,Наим Фрашери” во Куманово е мал херој кој за време на вооружените напади во ”Диво насеље”, останал да лежи на под во својот дом цели 12 часа, само со флаша вода, пренесува фан страната Куманова Сот.

Loading...

10410956_827721463982753_7413684656281989383_n

Како што раскажува малиот Артан, тој 12 часа само со флаша вода го преживеал првиот ден од борбите во кумановската населба ”Тоде Мендол”, поточно во едно од сокачињата каде се водеа жестоки борби.

Бев малку исплашен додека гаѓаа.  Јас цело време лежев доле, и тоа од 5 часот наутро до 18 часот навечер заедно со татко ми, мајка ми и другите членови на семејството”, вели накратко малиот Артан кој додава дека секогаш спремен да зборува јавно за она што го преживеал.

Цело време додека Артан лежел на под, за Куманова Сот раскажува дека не јадел ништо, затоа што не смееле да станат, иако му се спиело утрото кога започнале борбите на полицијата со вооружените групи.

 Еден од моите чичковци рече дека Господ ќе ми подари сон, повеќе никогаш да не ги чувстувам во душата тие пукања. Накратко слушнавме дека летаат бомби, со што ризикот стана уште поголем. Тогаш почнавме да викаме дека во куќата има цивили и полицијата нè извлече од куќата, раскажува Артан.

Откако биле евакуирани, членовите на семејството на Артан заминале за Скопје.

11247080_827721937316039_5348556863246927739_n

 

Денес, кога тој раскажува за преживеаните трауми, вели дека преку ден не се плаши толку како кога ќе падне ноќ, и секогаш кога ќе види полиција, стравува од нив.

Loading...

Тој и после пет дена откако доживеал страотна траума вели дека има отворено срце и  надеж за иднината дека следниот ден ќе донесе подобар живот.

Неговиот сон за образование ќе продолжи да биде негов приоритет, вели Артан.

Јас имам желба да одам на училиште и ќе одам откако ќе ја средиме куќата…

Артан е само едно од дечињата кои живеат во кумановската населба ”Тоде Мендол”, и кој ја почуствува вооружената престрелка на своја кожа.

Извор: Куманова Сот


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *