Мали: 17 војници и четворица цивили загинаа во напад на бунтовниците

Сподели со своите пријатели

Бунтовниците убија 17 војници во Мали и четворица цивили за време на напад во близина на градот Теситон, соопшти армијата.

Loading...

Уште девет војници се водат како исчезнати, а неколку возила и опрема се уништени за време на нападот во неделата, се вели во соопштението на армијата во понеделникот, истакнувајќи дека огранок на терористичката организација Исламска држава е осомничен дека е одговорен за нападот, пренесува Ројтерс.

Армијата објави дека за време на нападот биле убиени најмалку седум екстремисти.

Мали се соочува со влошување на бунтот на исламистичките вооружени групи, некои поврзани со Ал Каеда и Исламската држава, кои се проширија во соседните Буркина Фасо и Нигерија, пишува Ројтерс.