Максим Гоналонс потпиша за Рома

Сподели со своите пријатели

Рома го комплетираше трансферот на Гоналонс вреден 5 милиони евра од екипата на Лион.

28 годишниот играч на Лион потпиша 4 годишен договор со Рома, а за Лион прв пат дебитираше уште во 2009 година.

После долгите разговоди со спортскиот директор на Лион и со тренерот на екипата Гоналонс им даде на знаење дека нема веќе желба да игра во Француската Лига 1.

Гоналонс се додаде на листата на реализирани трансфери ова лето во Рома од како во редовите на Рома стигнаа и Рик Каршдорп и Хектор Морено како и Лоренцо Пелегрини по доаќањето на новиот спортски директор Мончи.

Од клубот си заминаа Мухамед Салах кој го засили тимот на Ливерпул и Ленадро Паредес кој потпиша за Зенит.

Пишува: Бојан Михајловски