Макрон во посета на Кина, проекти вредни милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон е во тридневна посета на Кина. Повикоа на големи сојуз на Франција, Европа и Кина, кога се работи за климатските промени и кинескиот проект „Новиот пат на свилата“.

Заедно со Макрон се и 50 бизнисмени од Франција. Се очекува потпишување на бројни договори и основање на француско-кинески инвестициски фонд вреден повеќе милијарди евра.

Првата станица е градот Сијан, колевката на кинеската цивлизација и источната почетна точка на древниот пат на свилата.

Макрон со сопругата Брижит го посетил и местото на кое се наоѓаат познатите царски војници од теракота.

Порача дека иднината има потреба од Франција, Европа и Кина, чии судбини се поврзани.

Во Пекинг прв пат се сретна со кинескиот претседател Си Џипинг, кој смета дека заедничките напори можат светот да го направат постабилен и побезбеден.

Двете страни сакаат проширување на економската соработка, а Макрон предлага на кинескиот колега замав во борбата за климата, затоа што Кина има сила на светски двигател.

Агенциите оценуваат дека Макрон се обидел да ги освои симпатиите на кинескиот претседател подарувајќи му коњ од елитната француска Републиканска гарда.

За Елисејската палата тоа е дипломатски гест без преседан, на кој се одлучил откако Си за време на посетата на Париз во 2014 година бил маѓепсан од глетката на 104 коњаници кои го следеле.

Тоа е и одговор на кинескиот подарок, откако сопругата на Макрон стана кума на панда која Пекинг ја позајми за зоолошката градина во близина на Париз.