Макрон се закани дека ќе најде алтернатива на Г7

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Франција Емануел Макрон на седницата на 73. Генерално собрание на ООН се закани дека ќе пронајде алтернатива на „Групата седум“.

– Ќе работиме во Г7 со цел обврските преземени во рамките на Париската конференција за клима бидат ревидирани во насока на проширување. Ако една од членките не сака да продолжи, ние сепак ќе продолжиме да наоѓаме нови коалиции, нови формати, рече францускиот лидер.

Совен тоа, тој предложи да не се заклучуваат трговски договри со држави кои не го почитуваат Парискиот договор, иако дирекно не ги спомена САД.

За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за борба против климатските промени.

Leave a Reply