Макрон: Путин ќе ги концентрира нападите во Украина на сепаратистичката зона Донбас

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги концентрира нападите во Украина на сепаратистичката зона Донбас, на истокот на земјата, во обид да постигне „победа“ за 9 мај, годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година, францускиот претседател Емануел изјави денеска Макрон, пренесе Франс прес.

Loading...

„За Русија 9 мај е национален празник, важен воен датум и речиси е сигурно дека за претседателот Путин 9 мај треба да биде ден на победата“, изјави Макрон за француското радио РТЛ.

 

Украина објави разговори: Русите се жалат дека се совладани и дека мора да пукаат во цивили

 

„Тие ќе ги концентрираат своите напори на Донбас, ќе видиме многу тешки сцени во следните недели, во таа област во источна Украина“, рече францускиот претседател.

Тој потсети дека Франција, заедно со Грција и Турција, се обидува да организира хуманитарни операции на југот на Украина, во пристанишниот град Мариупол, кој е под опсада, но дека се соочуваат со „големи тешкотии“ поради „целосното руско отфрлање “.