Макрон: Неопходна е мобилизација за климатските промени

Сподели со своите пријатели

Во Париз се одржава самитот за климатските промени на кој светските лидери расправаат за инвестициите и финансирањето проекти во борба против глобалното затоплување, пренесува агенцијата АП.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека мобилизацијата против климатските промени треба да биде многу поголема, за да се намали температурата под два степени целзиусови.

– Уште сме далеку од целта утврдена со меѓународрниот договор во Париз, а тоа е да ја задржиме температурата под два степени целзиусови. Нема да успееме без силна мобилизација, но и промени во прозводството и развојот, рекол Макрон.

Според неговите зборови, сегашните светски обврски укажуваат дека температурата е 3,5 степени целзиусови.

Францускиот рпетседател оценува дека меѓународниот договор за климатските промени би можел да стане потежок по повлекувањето на САД. Пред самитот во париз Доналд Трамп донесе одлука за повлекување и тоа според Макрон сноси одговорност кон историјата, а истовремено сепак изрази надеж дека Трамп во наредните месеци ќе ја промени одлуката.

Макрон, кој ќе се обрати на учесниците на Самитот „Една планета“, вели дека е неохпходно одржување на дипломатски состаноци, повеќе транспарентност во работат аи постојано потсетување на борбата прови глобалното затоплување.

– Поради тоа е оргнаизиран денешниот настан. Мојата цел е да упатам и разочарувачка порака, затоа што многумина заспаа, а повикот на мобилизација е нешто конкретно. Од постигнување договор во париз пред две години, многу акции започнаа, а потоа од нив се откажавме, додава Макрон.

 

Loading...

 

Самитот „Една планета“ ја отвори премиерот на Фиџи, Франк Баинимарам кој вели дека треба да се поедностави нагледувањето на технологијата за следење на климатските промени, додека шефот на француската дипломатија Жан Ив ле Дриан вели дека целта на самитот е вложување дополнителни напори за намалување на емисите на шететните гасови со ефект на стаклена градина.

На собирот присуствуваа десетици светски лидери, меѓу кои и претседателот на мексико Енрике Пења Нијето, мароканскиот крал Мухамед Четврти, како и претставници на африканските земји и острови кои се загрозени од климатските промени. На самитот е и претседателот на Европската унија Жан Клод Јункер и генералниот секретар на НАТО, Антонио Гутереш.

САД ќе ги претставува службеник од американската амбасада, затоа што Трамп не е повикан на собирот.

Макрон пред самитот вели дека ова не е собир за донации, туку на енго да се донесат конкретни решенија со проекти на терен.

Неколку стотици активисти за заштита на животната средина се собраа пред зградата каде се одржува собирот каде одржаа протест.