Макрон најави поддршка на иновациите, пониски такси за фирмите и ограничување на работничките права

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека Франција ќе основа фонд од 10 милијарди евра за финансирање на иновации и истражувања.

Макрон во говорот на Светскиот економски форум во Давос рече дека сака иновациите да бидат во центарот на неговата економска политика.

Францускиот претседател најави и порезно олеснување за компаниите и рече дека работното право мора да биде многу повеќе прилагодено на работното опкружување за да Франција биде поконкурентна.

Тој се пошегува на сметка на присуството на претседателот на САД Доналд Трамп во Давос, дека со оглед на големат аколичина на снег тепко е да се поверува во глобалното затоплување.

– За среќа не е повикан никој кој е скептичен во врска со глобалното затоплување, рече Макрон, со оглед дека Трамп е скептик во тоа прашање.