Макрон ги обвини Вашингтон и Лондон дека го блокираат извозот на вакцини

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини Велика Британија и САД за блокирање на извозот на вакцини против коронавирусот, пишува британскиот дневен весник Телеграф.

Loading...

Макрон вели дека е подготвен да го разгледа повикот на американскиот претседател Џо Бајден производителите на вакцини за коронавирус да се откажат од патентните права, но истакна дека во глобалната борба против коронавирусот, за Вашингтон е многу поважно да се укине забраната за извоз на вакцини.

– Денес, англосаксонците блокираат многу состојки и вакцини, а 100 проценти од дозите произведени во САД се наменети за нивниот пазар – нагласи Макрон, истакнувајќи дека ЕУ се бори вакцините да бидат јавно добро.

Тема на разговор за време на вториот ден од самитот на ЕУ во Порто треба да бидат социјалните теми, но аналитичарите изразија очекување дека ќе има разговори за повикот на американскиот претседател производителите на вакцини да се откажат од патентните права.

Leave a Reply