Макрон: Босна е темпирана бомба која му се заканува на регионот

Сподели со своите пријатели

„Ако сте загрижени за овој регион, првото прашање не е ниту Северна Македонија, ниту Албанија, туку Босна и Херцеговина. Босна и Херцеговина е темпирана бомба што чука веднаш до Хрватска. Се соочува со проблемот на џихадистите повратници “, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.

Loading...

Во големото интервју што го даде за британскиот весник „Економист“, тој зборуваше многу отворено за голем број на прашања, а дел од интервјуто беше за Западен Балкан.

Макрон, осврнувајќи се на опозицијата на Франција да не дозволи Северна Македонија и Албанија да започнат разговори за пристапување со Европската унија, откри дека „половина од државите на Унијата се против тоа преговорите да започнат со Албанија“.

„Ако ја смирите Албанија …“

„Тие сакаат тоа да се отвори со Северна Македонија. Тоа е мала земја, го смени името и е навистина историско достигнување. Не е опасност за никого. Реалноста е дека ако не ги отвориме преговорите со Албанија, ќе предизвикаме ужасна траума за целиот регион. Албанските заедници се насекаде. Ако ја понижите Албанија, трајно ќе го дестабилизирате регионот. Затоа сум убеден дека прво треба да ги реформираме нашите процедури за членство затоа што тие веќе немаат долгорочна цел. Тие не се стратешки. Тие не се политички, тие се премногу бирократски и нема враќање назад, и ова прашање мора да се разгледа“, рече Макрон за „Економист“.

Leave a Reply