Македонија се разбуди во магливо и загадено утро

Сподели со своите пријатели

На повисоките места и во југоисточните делови во моментот е сончево, а  по котлините магливо, јавува УХМР.

Loading...

Во повисоките места во североисточниот регион дува слаб до умерен северен ветер..

Попладне во некои од котлините маглата ќе ослаби. Дневната температура ќе се движи од 8 до 17, а во местата со магла од 1 до 6 степени.

Утре се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност, по одделни котлини ќе има појава на  магла, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе предизвика расчистување на маглата.

Во петок ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во деновите од викендот условите за магла по котлините повторно ќе се зголемат.