Македонија под закана од нов мигрантски бран

Сподели со своите пријатели

Илјадници мигранти денеска тргнаа од грчкиот остров Лезбос со брод кон Атина. Повеќето планираат да тргнат за Македонија, а оттаму да заминат кон некоја од земјите на Европската унија.

Loading...

Грчките медиуми јавуваат дека Балканот деновиве може да се соочи со нов бран бегалци. Од грчкиот остров Лезбос денеска кон Атина тргна голем брод во кој се наоѓаат илјадници мигранти. Дел од нив планираат да останат во Атина и да се обидат да започнат нов живот, но повеќето планираат да тргнат на север, кон земјите од Европската унија.

За агенцијата АПТН еден од мигрантите изјави дека ќе тргне за Македонија, каде ќе побара да добие документи за транзит, а потоа, преку Србија и Унгарија ќе се упати кон Норвешка.