Македонија дава 20 проценти попуст за летување на српските државјани

Сподели со своите пријатели

Хотелите во Охрид и Струга ќе понудат поевтини резервации за туристи од Србија до 20% од мај до октомври, во зависност од должината на престојот, соопшти Здружението на хотелиери на Македонија (ХОТАМ).

Loading...

Целта на хотелиерите во Македонија е да ги охрабрат српските туристи да го поминат летниот одмор на Охридското Езеро, или да останат уште неколку дена по враќањето од летниот одмор во Грција, а не само да ја поминат ноќта, објави синоќа телевизијата Алсат .

 

Полупансион, со појадок и вечера во хотел со четири вездички, ќе чини околу 25 евра, рече претседателот на ХОТАМ, Крсто Блажески.

Досега повеќе од 90 проценти од хотелите ја прифатија идејата за намалување на цените, рече Блажески, додавајќи дека агенциите од Македонија и Србија исто така ќе ги понудат овие специјални пакети.

„Очекуваме поголема циркулација на гости оваа сезона“, најави Блажески.

Хотелиерите велат дека со оваа иницијатива сакаат да ја поддржат препораката на Владата за придобивки за граѓаните на Србија во знак на благодарност за бесплатните вакцини што ги испратија во Македонија.

Loading...

 

Leave a Reply