Македонците во Западна Австралија ќе прослават 75 години од првата печалбарска емиграција (фото)

Сподели со своите пријатели

Во 2016 година, Македонската заедница во Западна Австралија ќе прослави јубилеј  75 години, откако во оваа прекуокенаска земја, започнува првата емиграција на Македонци после Првата и Втора Светска војна.

Првите Македонци кои емигрирале во Австралија, пристигнале некаде околу дваесетите години на минатиот век, а по завршувањето на Првата Светска војна. Првично, познатите печалбари дошле во Австралија во потрага по подобри услови за работа, така испраќајќи пари на своите семејства во Македонија.

Loading...

Ваквиот печалбарски живот набргу се менува со почетокот на Втората Светска војна и Граѓанската војна во Грција, кога многу Македонци од Егејскиот дел на Македонија побаруваат азил во Австралија.

Со завршување на војните, набргу започнува и соединување на расчленетите семејства, кога Македонците во Западна Австралија започнуваат со изградба на свои домови, така давајќи значаен придонес во економскиот, социјален и културен развој на Австралија и Западна Австралија поконкретно.

Со текот на годините, Македонците во овој дел на Австралија напорно работат и на изградба на свои комплекси, со што во 1994 година, со подсредство на МПЦ, се гради и црквата Свети Никола, сместена спроти Центарот на Македонската Заедница, што претставува врв на достигнувањата на Македонците кои живеат во Западна Австралија.

Македонскиот Центар во Перт, македонскта црква и Македонскиот спортски комплекс во Балката се трите центри кои служат и понатаму ќе послужат за идните генерации кои доаѓаат, а кои го негуваат своето потекло од Македонија.

Главната цел на Македонската Заедница во Западна Австралија отсекогаш била и ќе биде посветена на промоцијата на македонскиот јазик, култура и историја за сегашните и идни генерации, со континуирано охрабрување за силна и продуктивна посветеност кон Австралиската заедница како лојални и горди жители на Австралија со македонско потекло.

Македонската заедница во Западна Австралија е најстарата македонска организација во Австралија.